Ременски и Спасовски дадоа свечени изјави во Собранието

Од:

Министрите Оливер Спасовски и Фросина Ташевска – Ременски, за внатрешни работи и за труд и социјална политика, денеска во Собранието дадоа свечена изјава како членови на преодната влада за спроведување на изборите предводена од Емил Димитриев.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се работи за добар гест

– Го поздравувам враќањето на опозицијата во Собранието и давањето свечена изјава на министрите. Мислам дека е добар гест да се вратат во институциите и да се исполнат обврските од Договорот од јуни/јули. Мислам дека има и други проблеми кои треба да се надминат, но добро е што СДСМ се врати во Собранието и покажа констуктивност, рече Димовски.

Kоординаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, му одговори на Димовски дека ВМРО – ДПМНЕ се однесува лицемерно.

– СДСМ не учествуваше во работата после едностраниот чин со неуставна одлука да го распуштите Парламент, со одложено дејство. Јас ниту во Уставот негде најдов, ниту во светот има пракса некаде Парламентот да се распушти, а после повторно да работи. Ве повикувам еден пример во светот да ми кажете, со одлука за самораспуштање на Парламентот, тоа потоа повторно да работи. СДСМ е тука за целосно спроведување на Договорот од Пржино, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова