Ректорот Стојковски задоволен од поканата за средба од Министерството за образование

Од:

Претседателот на Интеруниверзитетската конференција и Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски изрази задоволство што Министерството за образование и наука ја прифати поканата за заедничка средба во врска со предложените реформи во високото образование.

„Универзитетите во Република Македонија како членки на Европската асоцијација на универзитетите, Светската асоцијација на Универзитетите и потписници на Magna Charta Universitatum, секогаш се залагале за квалитетно образование согласно европските и светски стандарди. Оттука, како академска заедница секогаш сме биле и ќе бидеме отворени и подготвени за разговор и дебата по сите прашања во насока на подобрување на квалитетот на високото образование“, стои во соопштението упатено по повод поканата што денеска Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука ја упатија до Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија.

Мета

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година