Ректорот на УКИМ Стојковски почесен професор Југозападниот универзитет во Ченгду

Од:

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседател на Управниот одбор на Институтот „Конфуциј“, проф. д-р Велимир Стојковски, во Ченгду, Сечуан, Кина, одржа пристапно предавање и беше промовиран во почесен професор на Југозападниот универзитет во Ченгду.

Ректорот Стојковски титулата почесен професор на Југозападниот универзитет во Ченгду, соопштија денеска од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ја добил како знак на признание за неговиот придонес во науката и образованието, унапредувањето на меѓууниверзитетската соработка,  зајакнувањето на македонско-кинеската соработка, како и за неговиот личен придонес за формирањето, успешната работа и развојот на Институтот „Конфуциј“ во Република Македонија при УКИМ.

Институтот „Конфуциј“ во Република Македонија при УКИМ беше свечено отворен и започна со работа на 3 септември 2013 година во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина, како резултат на желбата за зајакнување на соработката во областа на образованието меѓу Народна Република Кина и Република Македонија, со поддршка на владите на двете земји.

Би можело да ве интересира

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани