Ректорот на Московската духовна академија во посета на Бигорски манастир

Од:

Ректорот на Московската духовна академија (МДА) Архиепископот Верејскиј Евгениј (Решетников) беше во посета на двата познати манастира во дебарско „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир и „Свети Георгиј Победоносец“.

Заедно со него беа и проректорот за научно-богословска работа, протојереј Александар Задорнов и раководителот на Балканскиот кабинет при МДА, професорот – славист Алексеј Мстиславович Пентковски.

Во придружба на високите пратеници од МДА беа и нивните домаќини од Македонија, проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и протопрезвитер проф. д-р Ацо Гиревски – декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Гостите беа срдечно и гостољубиво пречекани од игуменот на Бигорски манастир, архимандрит Партениј, кој со голема љубов и внимание ги запозна гостите со историјата на манастирот, како и со евангелско-просветната дејност на Бигорското братство. Архиепископот Евгениј, видливо задоволен од тоа што го виде во двата познати храма, од името на целата делегација топло се заблагодари за убавиот прием.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите