Рекреативна хуманитарна трка во Прилеп за лицата со церебрална парализа

Од:

Во недела од 19:30 часот во Прилеп ќе се одржи рекретивна хуманитарна трка, а средствата ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со церебрална парализа што треба наскоро да се отвори.

Претседателката на Регионалната стопанска комора на Прилеп, Ирена Јакимоска, изјави дека трката е на иницијатива на бизнис секторот и во соработка со локалната самоуправа.

– Трката е во должина од пет километри низ улиците на Прилеп. Стартот е од центарот на градот. Ги повикувам сите компании да учествуваат. Идејата е несебична за да го поддржиме Дневниот центар за лица со церебрална парализа, да дадеме поддршка на оние кои се различни од нас и дека секогаш ќе подадеме рака, истакна Јакимоска.

Директорот за човечки ресурси во „Гентерм“, Васил Костовски изјави дека ова е почеток на организирање донаторски настани за помош на заедницата.

За учество на трката котизацијата е 100 денари. Парите се уплатуваат на посебна жиро-сметка која ќе биде објавена на интернет страницата на локалната самоуправа.

Од прилепската локална самоуправа информираат дека кон крајот на јуни или почетокот на јули ќе биде отворен Дневниот центар кој е втор од ваков вид во Македонија, по оној во Скопје.

Во декември на иницијатива на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски до Министерството за труд и социјална политика е доставена проектна документација за реконструкција на Дневен центар за лица со церебрална парализа. Проектот е одобрен, а просториите се до матичната служба во Прилеп. Реконструкцијата на просторот е при крај и треба да заврши до крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително