А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Рекорден број заразени за еден ден – 241 позитивни на Ковид-19, починати 8 лица

by А1он18/07/2020 - 18:2318/07/2020 - 18:271194
Share0

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 73, Куманово – 10, Дебар – 1, Штип – 60, Прилеп – 5, Тетово – 32, Струга – 3, Велес – 1, Битола – 3, Охрид – 2, Гостивар – 14, Гевгелија – 6, Струмица – 4, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Крушево – 1, Кочани – 8, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 2, Виница – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 5, Кичево – 2.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од: Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.

Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во ГОБ „8 септември“ починаа четворица  пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026,  бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.

Дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 4214, активни 1868
•       Куманово 904, активни 236
•       Дебар 173, активни 111
•       Штип 569, активни 272
•       Прилеп 311, активни 62
•       Тетово 938, активни 325
•       Струга 351, активни 170
•       Велес 206, активни 31
•       Битола 88, активни 43
•       Охрид 231, активни 116
•       Кавадарци 28, активни 17
•       Гостивар 286, активни 190
•       Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
•       Струмица 28, активни 19
•       Крива Паланка 22, активни 11
•       Радовиш 18, активни 14
•       Крушево 13, активни 8
•       Кочани 88, активни 20
•       Пробиштип 42, активни 26
•       Демир Хисар 14, активни 12
•       Македонски Брод 9, активни 5
•       Пехчево 6, активни 1
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 5, активни 2
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 10, активни 6
•       Свети Николе 184, активни 169
•       Кичево 96, активни 80
•       Ресен 140, активни 59
•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1700 теста се преку: ИЈЗ-475, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-216, Биотек-174, МАНУ -166, Жан Митрев (Филип Втори) –351, Систина со PCR метода -231, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-54. Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео