Рекорден број интервенции на кочанските пожарникари во 2018 година

Од:

Територијалната противпожарна единица од Кочани минатата година ја завршила со 338 интервенции, што е за една четвртина повеќе од лани и е рекорден број во споредба со просекот од изминатата деценија.

Најголем дел од интервенциите биле за гасење пожар на отворен простор, пред се кај запалени стрништа во нивите, но и десетина интервенции на шумски пожари, при што вкупната опожарена површина изнесува над 500 хектари.

-Практично немаше ден кога нашите екипи не излегуваа на терен, а се случуваше дневно да имаме и по неколку интервенции, особено во периодот по завршувањето на жетвените активности. Во 47 случаи интервениравме на пожари кај објекти, како кај петнаесетина извлекувања на повредени во сообраќајни несреќи, од кои кај две имаше посериозен ангажман бидејќи повеќемина настрадани беа со тешки телесни повреди. Во моментот располагаме со само 16 пожарникари, иако според теренот што го покриваме потребни ни се уште толку, па се надеваме дека во 2019 година ќе добиеме засилување, истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Противпожарната единица од Кочани е надлежна и за територијата на соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево, каде во последните четири месеци се регистрирани најмногу интервенции на запалени стрништа на земјоделските површини.

Кочанските пожарникари во текот на минатат година во пет случаи со опрема и кадар им помагале и на своите колеги од противпожарните единици од Виница и Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот