Реконструкцијата на „Орце Николов“ во завршна фаза

Од:

Општина Центар ја реконструира улицата “Орце Николов“ и тоа потегот од булеварот “Св. Климент Охридски“ до улицата „Михаил Цоков“.

0001

„Реконструкцијата е во завршна фаза, а денеска на терен, со своите соработници, беше и градоначалникот Андреј Жерновски. Вкупната површина на зафатот, кој е финансиран од општинскиот буџет, е 3600 м2, должина околу 520 метри и ширина 7 метри.

0003

Поставени се нови шахти и поправени се оштетените ивичњаци. По стругањето на асфалтот, нивелирањето на шахтите, денеска се нанесува завршниот слој на асфалтот.

0004

Овој дел на улицата „Орце Николов“ беше во лоша состојба, а ударните дупки го оневозможуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

0005

И овој зафат е дел од проектот „Работно лето 2015“ на општина Центар, проект кој се реализира во соработка и договор со граѓаните“, се вели во соопштението на Општина Центар.

0006

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски