Реконструкција на тоалетите во градинката „Сончоглед” во Кисела Вода

Од:

Подобрени услови во градинката која секојдневно ја посетуваат ќе добијат дечињата од ЈДГ „Весели цветови“, објект „Сончоглед”, соопшти Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Филип Темелковски денес изврши увид во реконструктивните зафати на тоалетите кои во оваа градинка се одвиваат во текот на летово, од почетокот на месец јуни. Градежните активности во објектот, кој опфаќа површина од 1530 квадратни метри, опфаќаат целосна реконструкција на десет тоалети, каде се поставени нови плочки, нови тоалет-школки за децата и мијалници со топла вода за миење на рачињата на децата, а се поставени и нови водоводни и одводни цевки.

Градежните зафати течеа во повеќе фази, со што згрижувањето на децата беше ефикасно спроведено – додека се работеше во едно крило, дечињата беа згрижени во друго крило, и обратно. Во моментот се работи во јаслениот дел, а бебињата се згрижени во занимална на долниот кат од објектот, на приземје.

Согласно со планираната динамика на работа, целосната реконструкција на тоалетите треба да финишира до крај на месецот, односно на почетокот на новата воспитно-образовна учебна година. Градоначалникот Темелковски со директорката на ЈДГ „Весели цветови“ дискутираше и за другите потреби што ги имаат најмладите жители на општината кои своето секојдневие го минуваат во објектот „Сончоглед”.

Најави дека ќе ги посети и сите други градинки на територија на општина Кисела Вода, со цел, онаму каде што има потреба да се интервенира во рамките на финансиските можности на општината.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода