Реконструкција на санитарните јазли во три основни училишта во Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода со свои буџетски средства ги реконструира санитарните јазли во три основни училишта на нејзина територија.

Неодамна е завршена реконструкцијата на санитарните јазли во ЦОУ „Круме Кепески” при што е ставена нова санитарија, плочки, нови врати, нова водоводна инсталација и одводни цевки и штедливи лед арматури за осветлување.

Паралелно е извршена и темелна обнова на дел од санитарните јазли во ООУ „Кирил Пејчиновиќ”, а во тек се и градежни зафати за реконструкција во ООУ „Кузман Шапкарев” во населбата Драчево.

– Средствата за сите посочени градежни инвестиции во санитарните јазли на училиштата се обезбедени од буџетот на Општина Кисела Вода, соопшти Општината.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он