Реконструкција на пристапната улица кај Билна аптека

Од:

Општина Центар ги информира граѓаните и сите учесници во сообраќајот дека во понеделник, 31 мај, ќе започне втората фаза од проектот за реконструкција на коловозните и на пешачките патеки на кракот на улицата „11 Октомври“.

– Со претходно изведените градежни активности се уредуваше долниот строј и беше направена демонтажа на старите рабници и постојните бехатон елементи, а во втората фаза ќе биде поставена нова асфалтна површина, нови рабници и нови тротоари на пристапната улица кај Билна аптека и кај паркинг-просторот околу зградите, информира Општина Центар.

– Проектот опфаќа реконструкција на површина од 2.000 квадратни метри, а планирани се 2.212.477 денари од Буџетот на Општина Центар за 2021 година. Поради изведбата на градежните активности целосно ќе бидат затворени пристапната улица кај Билна аптека и кај двете резидентни паркиралишта во периодот од 7:00 до 16:00 часот. Апелираме до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни поради изведбата на градежните активности, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Општина Центар не знае колку згради се градат во моментов, нема ниту градежен инспектор да ги брои

А1он

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он