Реконструкција на повеќе улици во Карпош

Од:

Во тек се подготвителните активности за реконструкција на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1 и улицата „Иван Аговски“ во Карпош 1. На овие сообраќајници е воспоставен времен сообраќаен режим, со посебна вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а во одредени моменти сообраќајот е регулиран и рачно (со знаменца), информира општина Карпош.

„Деновиве се одвива гребење на стариот и оштетен коловоз (асфалт) и од таа причина, ги замолуваме сите граѓани да не ги паркираат своите возила во должина на овие улици.

Станува збор за сообраќајници кои се лоцирани меѓу повеќе објекти за домување, каде што фреквенцијата на луѓе е поголема, но со реконструкциите ќе се придонесе кон подобри и побезбедни услови за движење на сите учесници во сообраќајот“, велат од Општината.

„Градежната сезона ќе продолжи и со реконструкција на улиците „Гиго Михајловски“ во Карпош 1, како и „Шекспирова“ и „Мирка Гинова“ во Карпош 2.

Исто така, претстои обнова и на плочникот во Порта Влае, каде што ќе се заменат старите и дотраени плочки со нови, а ќе биде поставена и нова хидроизолација.

На сите граѓани им благодариме на разбирањето и трпението додека се одвиваат теренските градежни активности“, велат од општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски