Реконструкција на подрачното училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Визбегово

Од:

Општина Бутел почна темелна реконструкција на подрачното училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Визбегово со која, како што информира, ќе биде комплетно заменета покривната конструкција со целосно нова потконструкција, ќе се вгради ново парно греење и ќе бидат изградени нови санитарни јазли.

– Бидејќи општина Бутел веќе некое време прави подготовка за изградба на ново училиште на друга локација во Визбегово, останува да се види дали во оваа темелно реновирана зграда ќе продолжи наставата на двете досегашни паралелки под капата на ОУ „Св. Климент Охридски“ или ќе биде комплетно пренаменета во градинка. Ова од причина што Визбегово кое во моментов има над 2000 жители се развива со забрзано темпо, соопшти Општина Бутел.

Средствата за реконструкцијата се во износ од 5.000.000 денари и се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника

(ВИДЕО) Костовски: Ќе изградиме три нови детски градинки во Радишани, Бутел 1 и Визбегово

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

A1on