Реконструкција на општинската зграда на Кочани

Од:

Општина Кочани ги почна градежните активности за реконструкција на административната зграда во рамки на проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина – GREEN“, финансиран од Првиот повик на Интерег – ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија.

Во рамки на проектот ќе се изведат градежни работи на административната зграда на општина Кочани и промена на нејзината енергетска класа од Д во класа Б. Изведувач на градежните зафати е компнијата „Анол импекс“ од Скопје, додека фирма одговорна за вршење на надзорот над објектот е „Студио Атриум“ од Штип.

Заклучно со декември 2017 година ќе се изврши промена на фасадата, на надворешните прозорци и врати, на покривната изолација на стариот објект, изградба на зелен покрив на новата зграда како единствен репрезентативен примерок во регионот, поставување лифт и адаптација на тоалети за лица со физички хендикеп.

Градоначалникот Ратко Димитровски истакна дека паралелно со овие градежни активности општина Кочани ќе работи на замена на комплетната електрична инсталација и на надворешниот влез во зградата, за што општината обезбедила сопствени средства од буџетот за оваа година.

Проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ е финансиран од Интерег ИПА – програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија. Центарот за развој на Источниот плански регион е водечки партнер во соработка со Обласната администрација Благоевград каде исто така ќе се врши реконструкција на обласната зграда во Благоевград. Вкупната вредност на проектот е 398 илјади евра, а периодот на реализација е до октомври 2018 година.

Со проектот се промовира соработка и нови иновативни практики во делот заштита и зачувување на животната средина преку употреба на нови технологии и мерки во текот на реализацијата, размена на искуства и најдобри практики меѓу двата региони.

Од источниот плански регион нјавуваат одржување на работилница со тимови вклучени во проектот од општините Кочани и Благоевград, која ќе се одржи на 6 и 7 јули во Кочани.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип