А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реконструкција на кривипаланечкото училиште „Илинден”

by А1он28/07/2017 - 14:02128
Share0

Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во западното крило на централниот објект на основното општинско училиште „Илинден” во Крива Паланка, а се работи на реновирање простории и дел од спортската сала во подрачните училишта во село Конопница и село Мождивњак.

Добивај вести на вибер

– Комплетно се реновирани преостанатите, четири санитарни јазли во западното крило, со вкупна површина од 130 метри квадратни. Поставени се нови плочки, санитарии и заменета е старата дотраена столарија. Вредноста на тендерот е 1,6 милиони денари, средства од сопствениот буџет на училиштето. Периодов се работи на реновирање на гардероберите во училишната сала во подрачнито објект во село Конопница и се репарира дел од спортската сала во Мождивњак, изјави директорот на ООУ „Илинден“ Оливер Дејановски.

Од понеделник ќе бидат реконструирани и санитарните јазли во постојната спортска сала на централнито училишен објект, а подоцна, се очекува да се изврши и реновирање на салата.

– Тековно се вршат неопходните подготовки за претстојната учебна 2017/2018 година во која се запишаа вкупно 74 првоодделенци. Бројот е намален за речиси 30 во однос на минатата година кога настава во четирите објекти на Илинден посетуваа 102 првачиња. Се надевам овој тренд ќе се промени, а белата чума нема да зема замав, информира Дејановски.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 17:10

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски27/07/2025 - 12:2527/07/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:45

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

Горан Наумовски09/07/2025 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен