Реконструкција на градинката „Сончоглед“ во Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода информира дека се реконструира градинката „Сончоглед“ на улицата „Локов“, која е дел од Јавната детска градинка „Весели цветови“.

Реконструкцијата на градинката, која изнесува околу 900.000 денари, опфаќа промена на ламинатот на површина од 800 метри квадратни, внатрешно молерисување на објектот, отстранување на старата ламперија и поставување гипс-картон.

Општина Кисела Вода соопшти дека ова е прва фаза од целосната реконструкција на објектот, кој датира од 1975 година и во кој досега немало покрупен реконструктивен зафат. Втората фаза од реновирањето ќе се реализира до крајот на 2017 година и ќе опфати санација на тоалетите. Третата фаза ќе се реализира во 2018 година и ќе опфати реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, која денеска изврши увид во реконструктивните зафати на градинката истакна дека ќе се подобрат условите за згрижување на околу 260 деца.

– Изградивме три нови градинки, во Припор, Пинтија и Црниче, токму на местата каде досега на територијата на општина Кисела Вода воопшто и немало се со цел да се излезе во пресрет на потребите на жителите за згрижување на децата од предучилишна возраст, изјави Беличанец Алексиќ.

Директорката на ЈДГ „Весели Цветови“ Валентина Божиновска нагласи дека со реконструкцијата се подобруваат условите за работа на персоналот и условите за згрижување на најмладите жители на општината.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода