Реконструирани јаслите во градинката Кочо Рацин – клон Бели Мугри

Од:

Општина Центар започна со комплетна реконструкција на три занимални за деца од најмала возраст (јасли) во градинката Кочо Рацин, клон Бели Мугри.

Како што информираат од општина Центар, во трите занимални со најсовремени материјали се реконструираат ѕидовите и таваните и се поставува нов паркет, а старите и дотраени врати и прозорци се заменети со нови и поквалитетни.

По реконструкцијата на капацитетите, градинката ќе може да прими до 70 дечиња во новите јасли.

Од општина Центар најавија реконструкции и во градинките Раде Јовчевски Корчагин и 13-ти Ноември.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски