Рекетарите и нивното дувло за криминал

Од:

Денеска сме сведоци за два интезивни настани, една судска пресуда и една коалициска пресуда, но имаат еден заеднички именител, ВМРО РЕКЕТ ДПМНЕ.

Константен рекет на една мафијашка матрица (исклучок се големиот број чесни членови) без разлика дали се на власт или опозиција, пристапот, стилот и политичкото битисување на оваа партија се заоснова само на рекет, закани и уцени.

Јавното обвинителство треба да отвори истрага по допрен глас за изјавата на Стефчо Јакимовски, градоначалник на Карпош дека стопанственици се рекетирани од Христијан Мицковски. Шемата е иста, и таа е ГРУЈОВА, во спротивно ако нема кеш во плико, закана за одмазда кога ќе се дошло на власт. Кое политичко дно, која деструкција и насилство е концентрирано во врвот на ВМРО ДПМНЕ.

И, јас сум стопанственик кој дирекно и индирекно ми се вршени закани од политичката партија ВМРО ДПМНЕ, со констатна медиумска хајка кон мене и фирмата НИКОБ која е 25 години на пазарот, со најголем број на клиенти и најголем број на вработени со домашен капитал.

Ако се дрзнале кон мене и мојот крупен капитал, се дрзнале кон сите останати.

Јавна тајна е дека сите градоначалници на ВМРО ДПМНЕ имаат добиено насока никој да не соработува со фирмата НИКОБ, само затоа што НИКОБ ги спушти цените на ПЦР тестовите и им го намали профитот на лаборатории кои се во роднински врски со врвот на ДПМНЕ.

Јавно го повикувам Мицковски да престане да ми се заканува, никој не му се плаши, и никој не му е крив што можеби сакал да се омрси од Делчевските кримоси кое го опљачкаа и ЕВН.

Засега толку за рекетарите, а сега за нивното дувло или бела палата. Конечно правдата која истата важеше и за Зеќири да важи и за нив. Да се одземе тој центар на криминал, граден на криминален начин со рекетарска шема кон газдата на Бетон АД Скопје. А, извршителите да внимаваат да не ги изнесат скапите лустери, оти нив им лепи раката за се и сешто.

*PR текст

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ