ВМРО-ДПМНЕ не го лаже својот народ, ниту работи на негова штета креирајќи деструктивни сценарија со цел државата да уназадува, а граѓаните да бидат во агонија долг временски период.
Деструкцијата и фабрикациите се одлика на СДСМ кој ја губи ионака малата поддршка меѓу граѓаните, па се надева дека сто пати кажана лага станува вистина. Не станува.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги реализира своите ветувања кои го подобруваат квалитетот на нивниот живот. Доказ за тоа е континуираната доверба која граѓаните убедливо ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ во минатите 11 години. Тоа е вистината.
Тоа го знаат и во СДСМ, партијата која во здравството не вложи ниту цент бидејќи нејзините министри беа зафатени со купување бисери за своите колешки и со продажба на стентови под маса, уценувајќи ги граѓаните за големи суми на пари во моменти во кои се одлучува за живот или смрт.
Тоа се сите проекти на СДСМ во здравството, па затоа се толку очајни за сите проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги презема во здравството, држат прес конференции и се обидуваат да го манипулираат народот. Кога ќе се реализира некоја капитална инвестиција, СДСМ не ја поздравува, туку наоѓа нов проект на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за кој ќе измислува нови невистини и ќе напаѓа неосновано со груби манипулации.
Денешната прес конференција на СДСМ е уште еден во низата очајни обиди да се манипулира јавноста дека не се реализираат инвестиции во здравството, и покрај тоа што само во изминатите неколку години се реализира инвестициски циклус каков што СДСМ не можеле ниту да претпостават дека е можен, дури и да не беа посветени на купување ѓердани за колешките на Димов.
Само за потсетување, еве дел од нив: изградивме комплетно нова Детска болница во Козле. Изграден е новиот објект на ПЕТ-Центарот, кој е единствен од ваков тип во поширокиот регион, кој ќе овозможи најсовремена и најпрецизна дијагностика на секоја малигна клетка во организмот. Изградена е новата болница во Охрид, како и новиот објект на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Реконструирани и обновени се многубројни јавни здравствени установи низ државата.
Се отвори клиника за државна кардиохирургија. Започнаа градежните работи за комплетно нова Клиничка болница во Штип, продолжија работите на заборавената од СДСМ болница во Струмица, а започнаа работите и на реконструкцијата на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.
Само во реконструкција и обнова на јавни здравствени установи во моментот се во тек инвестиции од 42 милиони евра, а крупни инвестиции се реализираат и во делот на набавка на нова медицинска опрема. Само од 2014 година до денес во нова опрема се инвестирани 15 милиони евра.
Беа набавени нови апарати за компјутерска томографија – само во последната половина година, обезбедени се вкупно 3 вакви апарати, апарати за магнетна резонанца, нови дигитални мамографи од кои 6 се веќе инсталирани, а дополнителни 5 се набавуваат, гинеколошки 4Д ЕХО апарати, нови ангиографи за интервентна кардиологија, и други многубројни апарати за унапредување на дијагностиката во сите јавни здравствени установи низ државата.
Ова се конкретни факти, бројки и дела зад кои стои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ во здравството стои зад ѓердани и бисери за колешките на Владо Димов.
Затоа СДСМ ја нема поддршката од граѓаните. Затоа рејтингот на СДСМ е мизерен. Затоа СДСМ беше, е и ќе остане во опозиција.