Рекација на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги унапредува правата на работниците во континуитет и во духот на европските вредности, тие се усогласени со директивите на ЕУ и конвенциите на Меѓународната организација на трудот, соопшти владејачката партија.

Во реакција на прес – конференцијата на Мила Царовска од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ вели дека опозициската СДСМ зад себе оставила 200.000 работници на улица поради нивните погрешни политики и оти дозволувала секој да го гази достоинство и трудот на работниците.

За подигање на правата на работниците, ВМРО – ДПМНЕ посочи дека Владата донела повеќе закони и реформи меѓу кои воведен е концептот на бруто плата и интегрираната исплата на плати и придонеси, со кој работодавачот има обврска да ги плати и даноците и придонесите на плата, воведувањето минимална плата, донесен е Законот за безбедност и здравје при работа,…

– Во 2013 година, се донесе Закон за заштита од вознемирување на работно место, со кои се утврдуваат мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Како што е наведено, донесени се 30 Правилници за безбедност и здравје при работа со кој се обезбедува заштита на работното место и здравјето на работниците. Се даде законска можност за трансформирање на работен однос од определено на неопределено време, по истекот на две години од договорот за вработување на определено време…

– Овие реформи за заштита на работничките права беа незамисливи во време на СДСМ. Тие кога ја имаа можноста да направат нешто за работниците, се занимаваа со распродажба на државниот капитал, богатење на партиската олигархија и уништување на македонското стопанство. Ако се грижеа за работничките права немаше да доведат до раб на егзистенција 200.000 работници и нивните семејства, стои во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО