Реисот Фетах Шаќири упати порака по повод Курбан Бајрам

Од:

Претседателот на Исламската верска зедница в.д. реси ул улема ефенди Фетах Шаќири упати порака по повод празникот Курбан Бајрам. Од службата за информирање на ИВЗ наведуваат дека поради тоа што тој е позитивен на Ковид 19, а заради заштита на новинарските екипи и неговите соработници, пораката годинава е испратена телефонски.

„Да, Ние ти дадовме добро изобилно. Па, клањај Му се на Господарот твој и заколи курбан! Оној што те мрази ќе остане без помен, навистина!„ (Ел-Кевсер, 1-3), со овие зборови од Светата книга Коранот, в.д Реисул улема на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Фетах Шаќири ја почнува честитката упатена до верници за утрешниот празник Курбан Бајрам. Според него со честувањето на овој празник верниците од придружуваат на радоста на целиот исламски свет.

– Овој е голем празник, затоа што во овие денови заврши објавата на Светиот Куран, кој го заокружи исламот како последна религија во историјата на човештвото и стана концепт на животот за сите времиња, простори, народи и места каде што таа се практикува. Она што го прави овој празник да биде најголем е тоа што во овие денови на овој празник се обавува петтиот исламски столб – Хаџ, како верска обврска за секој муслиман, кој е ментално, морално и материјално способен, вели Шаќири.

Oна што го прави овој празник уште поголем е извршувањето на задолжителната обврска – што е на ниво на ваџиб – колењето на курбани од страна на верниците кои имаат материјална можност.

– Колењето на курбан не е, едноставно, ритуал без никакво значење; поточно, тоа е длабока работа, со неисцрпно значење. Да се ​​понуди жртва значи дека верникот има најголема подготвеност да биде подготвен во секој момент да го искористи богатството што му е дадено од Семоќниот Аллах во служба на Семоќниот Аллах. Во исто време, колењето на курбан е најголем гест на грижата за човекот, како најголемо дело на Бога, а споделувањето на неговото месо претставува солидарност во дело за да сее радост во овој голем ден на сиромашните, на семејството, на роднината, на пријателот, на соседот, како и на сите оние кои го опкружуваат без оглед на верска и национална припадност, посочува Шаќири.

Деновите на Курбан Бајрам се одбележани, незаборавни денови на љубовта кон Бога и човекот. Затоа, нека биде прослава на нашата заедничка радост, мир, солидарност, благосостојба и братство меѓу себе; прослава на взаемно помирување, почит едни кон други, наведува во својата честитка Реисот, Фетах Шаќири.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска