Рехабилитација на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“

Од:

Наскоро треба да започне рехабилитација на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, за што Акционерското друштво Водостопанство на Македонија инвестираше 500 илјади денари  за изработка  на  проектот за рехабилитација. 

– Со изработката на самиот проект добивме соодветен технички документ со кој ќе ги подобриме условите за функцинирање на каналот, како и намалување на загубите на вода и задоволување на потребите на крајните корисници. Ова е планирана реконструкција на каналот и неговите оштетувања на делницата од село Зрновци до село Бурилчево во должина од 20 километри, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Овој проект, истакна Гоцев, е финансиран од ИПАРД програмата, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руалниот развој. Тој очекува наскоро да започне и рехабилитација на овој дел од системот.

Левиот магистрален канал –делница до Зрновци функцинираше и оваа наводнителна сезона, благодарение на ангажираноста на Водостопанство Кочани и општина Зрновци, со навременото чистење на каналите од наноси од земја и дрва, истакна Гоцев.

Би можело да ве интересира

Обвинение за скопјанецот кој истепа две деца на натпреварот „Брегалница“ – „Шкупи“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Притвор за таткото кој тепаше 15 годишни фудбалери на натпревар во Штип

А1он

МВР: Уапсен е еден родител кој учествувал во инцидентот во Штип

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Две деца се тешко повредени откако родители на играчи на „Шкупи“ влетаа на терен и нападнаа фудбалери на „Брегалница“

Горан Наумовски

Во реката Брегалница е пронајдено тело на маж по кого се трагаше

Намален водостојот на Брегалница, нема опасност од поплави во штипскиот регион