Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања, соопштуваат од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови во Куманово 23, во Скопје 11, во Тетово четворица, Битола тројца, Струга двајца и Прилеп еден.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 175, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип – 14, Тетово – 10, Прилеп – 10, Струга – 7, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1, Гевгелија – 1.
Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие 262 се направени преку Институтот за јавно здравје, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Клиниката „Жан Митрев“. Досега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство.