Регистриран земјотрес во Богданци, Гевгелија и околината

Од:

елеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 13.10.2022 година регистрираше земјотрес 135 km југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот беше почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција