А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Регионална ревија на музика, песни и ора во Кочани

by А1он13/05/2017 - 12:581332
Share0

Фолклорни ансамбли, пејачки групи, солисти и оркестри денеска во Кочани учествуваа на 15-та Регионална ревија на музика, песни и ора, организирана од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, чиј домаќин беше Кочанското пензионерско здружение.

Добивај вести на вибер

На сцената на Домот на културата „Бели мугри“ настапија преставници на Здруженијата на пензионери од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово и од Кочани.

Пензионерите од Берово и Пехчево се претставија со пејачки групи кои ја негуваат имакедонската традиционална народна песна од Малешевијата, додека пензионерите од Делчево и Македонска Каменица покрој музичките нумери со изворни песни од Пијанец и Осоговијата се преставија и со изворното оро „Копачка“, кое е заштитен бренд на овој крај од страна на УНЕСКО. „Копачката“ беше презентирана во изведба на машка и женска играорна група.

Пензионерите од Виница го изведоа обичајот „Истерување чума“ проследен со народна песна од овој крај, како и со неколку мешани ора, додека Здружението на пензионерти на Кочани изведе народни ора од Осоговијата.

За значењето на ревијата и негувањето на народниот фолклор, музика и песна зборуваше Драги Аргировски, претстедател на Сојузот на пензионерите на Макеоднија, а во името на градот домаќин учениците ги поздрави градоначалникот Ратко Димитровски.

На Кочанското здружение на пензионери му беше врачено признание од СЗПМ за континуирано учество на досегашните ревии на музика, песни и ора.

kocani

Би можело да ве интересира

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Горан Наумовски24/12/2025 - 14:08

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Горан Наумовски10/12/2025 - 20:22

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот

Горан Наумовски09/12/2025 - 16:06

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани

Горан Наумовски08/12/2025 - 13:31

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски28/11/2025 - 14:3428/11/2025 - 14:34

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ18/11/2025 - 16:1118/11/2025 - 22:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен