Регионална операција за спречување нелегална трговија и криумчарење оружје и муниција

Од:

Во рамки на ЕМПАКТ заедничките акциски денови на Европол во периодот од 27 до 29 јануари годинава беше спроведена регионална оперативна операција – „Western Balkan Action Day 2016“ за спречување на нелегалната трговија и криумчарење на оружје и муниција.

Како што соопшти денеска МВР, земји учеснички во операцијата биле Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Естонија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Велика Британија, Белгија, Холандија, Грција и Унгарија, додека на граничните премини биле присутни и претставници од Фронтекс.

– Во наведениот период се вршеа зајакнати селективни контроли при влез и излез на дел од граничните премини на патници, туристички автобуси и други видови на патнички и товарни моторни возила. За координација на акцијата во Европол беше формиран Оперативен координативен центар, во кој, покрај експерти од Европол, присуствуваа и претставници од земјите учеснички во акцијата. Од Република Македонија во Оперативниот Центар во Европол активно учествуваа двајца претставници од Министерството за внатрешни работи. Координатор на акцијата на национално ниво беше Одделот за криминалистичка полиција. Освен претставници на МВР, во акцијата учествуваа и мобилни тимови на Царинската управа на Република Македонија, се вели во соопштението.

За време на операцијата, преку СИЕНА апликацијата, билеа разменети 117 пораки од кои примени 96 и испратени 21. Од страна на Република Македонија беа иницирани 13 барања за проверки. Воедно, преку електронската официјална пошта на МВР беа разменети 250 пораки за извршени проверки во рамки на операцијата.

На територијата на Република Македонија операцијата била спроведена на граничните премини „Табановце“, „Блаце“ и „Деве Баир“. Притоа, била извршена контрола и преглед на 128 патнички возила, на 11 товарни возила, на 23 автобуси и на 375 лица.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници