Регионална Либерална конференција: Нема друга алтернатива, патот до ЕУ бара многу работа, но носи големи придобивки

Од:

Да ги надминеме домашните кочници и стравови за што поскоро да ги почнеме преговорите со ЕУ, порача утрово претседателот на ЛДП Горан Милевски во воведното обраќање на регионалната либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022-Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ”.

Конференцијата се одржува непосредно пред почетокот на осмиот конгрес на ЛДП на кој се очекува Моника Зајкова да биде избрана за нов партиски лидер.

– Неопходно е Северна Македонија час поскоро да ги почне преговорите, домашните кочници и стравови да ги надминеме за да ги почнеме преговорите. Следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат, ќе треба да се менуваат закони, но не само закони, туку тоа ќе треба да се почувствува во реалниот живот, граѓаните ќе треба да почувствуваат поинаков живот. Ќе биде многу тешко, особено за политичката елита да ги исполни сите критериуми што ги очекуваат граѓаните, но затоа се тука либералите подготвени да го помогнат и да го поддржат овој процес, не само на домашен план, туку и меѓународно, истакна Милевски.

Тој е убеден, дека и во наредниот период, кога партијата ќе ја води Зајкова, ЛДП ќе стои на располагање за сите активности на земјата кои се во насока на почеток на преговорите и членство во ЕУ.

– Мило ми е што Северна Македонија денес има стабилност во одлуката да ги прифати европските вредности, а промените за да влезе во ЕУ се добри за државата, треба да разбереме дека и самата Унија постојано се менува, и потребно е европските правила да се интегрираат за конечно Северна Македонија да стане дел од европското семејство, рече европратеникот Илхан Ќучук кој е претставник на АЛДЕ-европските либерали.

Тој додаде дека сите ја критикуваат ЕУ во врска со задоцнување на интеграција на Западен Балкан, но сепак со војната во Украина имаме нов момент на забрзување на проширување и каде Северна Македонија и Албанија ќе влезат заедно, бидејќи е потребно повеќе од било кога да се биде дел од Европското семејство и демократските вредности.

Сега имаме динамична ЛДП која создаде интернационални пријателства, а јас секогаш ќе бидам тука за да ја поддржам професионалноста на партијата но и процесот на интеграција на Северна Македонија.

На првиот панел на ЕЛФ „Одржување на новиот импулс во проширувањето на ЕУ“ според поранешниот министер за одбрана на Словенија, Роман Јакиќ пораката која ја доби светот е дека војната во Украина ја врати повторно потребата за проширување н а ЕУ.

– Во врска со Северна Македонија таа беше подготвена уште во 2004 но се случи тоа што се случи, но сега повторно сте на прав пат, можеби имаше многу проблеми, но на крајот на денот процесот е почнат и треба да продолжи. А сите реформи не се прават за ЕУ туку за самите граѓани, за подобар живот, вели тој.

Според Јакиќ ова е од големо значење за цел Западен Балкан, ако Франција претходно беше против проширувањето, сега политиката на оваа земја е со голема поддршка, а ЕУ разбра дека е беше создаден вакум во однос на демократските вредности, а тоа го искористија Русија и Кина па и Турција, но затоа ЕУ реши дека е потребно да се направи чекор напред бидејќи заканата е голема.

– Сите знаеме каква беше политичката ситуација кога се промени власта и колку беше тешко да се избере спикер во Собранието, па и новата Влада, но сепак ние како ЛДП и дел од новата власт ги зацртавме неколкуте цели кои беа малку заборавени , а европскиот пат е главна патека не само поради нас туку поради тоа што преку овој процес ние растеме како држава. Тогаш немаше надеж, се говореше дека ЕУ нема да се проширува извесно време, но ние сепак продолживме со реформите и решивме да ги затвориме отворените прашања со соседите и да почнеме нова страница за да градиме иднина, рече поранешната пратеничка на Комисијата за европски прашања и Потпретседател на ЛДП Јулијана Николова.

Според неа потребна е волја и капацитет, Договорот за добрососедство, Преспанскиот договор беа само отворање на вратата за да продолжиме да чекориме кон ЕУ, и иако има многу предизвици, војната во Украина и економска криза сепак треба да покажеме дека и со новите услови и методологија сме подготвени да го изодиме овој пат до крај.

– Бев бегалец во Македонија за време на косовскиот конфликт, и имам посебна конекција со Македонија, токму затоа убаво ми беше да слушнам дека заедно со Албанија конечно сте на патот на ЕУ бидејќи земјите од Западен Балкан излезе дека се соочија со многу предизвици за овој процес, рече Елиза Хоџа пратеничка од Косово и членка на комитетот за образование, наука, култура, млади и спорт.

– Да не зборуваме за предностите кои ги нуди ЕУ на сите полиња, идејата за визна либерализација која е многу важна и за Косово, за економијата и образованието, но Косово има се уште предизвици да успее на овој пат. Потребно е да работиме многу за новите генерации да ги надминат проблемите кои ги создаваат историските прашања, а најдобрите луѓе од Косово си заминуваат, и токму поради проблемите кои ги има Косово со визната либерализација и политичката криза, додаде таа.

Марија Алесина, директорка за политика од Европски Либерален форум, која е од Украина, а живее во Брисел вели дека денес да се биде од Украина е интересна перспектива, а Украинците се борат толку силно затоа што знаат за што се борат, додека пак Европејците треба да разберат дека немаат алтернатива бидејќи покажаа дека не сакаат да бидат со Русија, што значи дека ова е свесен избор, а општеството станало зрело за демократија иако цената е превисока.

– За Украинците процесот за приклучување кон ЕУ е различен од тој на Западен Балкан, беа со јасна одлука, но процесот предолго траеше па затоа почнаа да размислуваат за други алтернативи како Кина и Русија, но сега се повторно назад во процесот, но за нас Украинците имаат две опции да бидеме со Истокот или Западот, токму затоа во јуни кога Украина и Молдавија добија кандидатски статус беше големо задоволство, за овој процес да заврши треба години и децении, но е едно симболично препознавање за дел од европското семејство, а за ЕУ ќе беше грешка ако немаше таков чекор, а тоа е дека колку и да се чувствувате обесхрабрени, ова е нова фаза, вели Алесина.

Според Станислав Анастасов, пратеник и поранешен министер за животна средина во Бугарија потребно е да се работи и од бугарска перспектива да се одржуваат билатералните односи бидејќи во моментов се најниско можно ниво.

– Немавме доверба дека ќе се прифати францускиот предлог во нашиот парламент, но се случи тоа, иако една од партиите во коалиција со владата излезе од владата, а овој предлог кој е проевропски се надеваме дека ќе ги врати на маса преговорите, бидејќи Бугарија ќе стане полноправна членка само тогаш кога и сите соседи ќе станат дел од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

(ВИДЕО) Вељаноски од ЛДП: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма