Регионална конференција за заштита на малцинствата во Југоисточна Европа

Од:

Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, денеска ќе ја отвори Регионалната конференција за заштита на малцинствата во Југоисточна Европа.

Конференцијата се одржува во рамки на Проектот на Советот на Европа и на Европската Унија, со кој се опфатени 36 општини од регионот, од кои пет се од Република Македонија: Старо Нагоричане, Сарај, Тетово, Центар Жупа и Крушево.

Во проектот се вклучени и општини од Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска.

На конференцијата, претставници на триесет и шесте општини ќе потпишат Договори за грантови од Советот на Европа и од Европската Унија. Со средствата ќе бидат финансирани локални проекти за унапредување на човековите права и правата на малцинствата.

Изборот на проектите е направен од вкупно доставените 152 апликации од општините во регионот.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска