Регионална конференција за конфискација и управување со одземен имот

Од:

Во организација на Балканската интер-агенциска мрежа за управување со одземен имот (БАМИН), во соработка со Министерството за правда организира годишна Регионална конференција за најдобри практики во сферата на конфискацијата и управувањето со одземен имот, што денеска и утре ќе се одржи во Скопје.

Целта на конфеенцијата е да ја промовира размената на добри практики помеѓу земјите членки на ЕУ и членките на БАМИН, но и да ја спроведе Пленарната сесија на БАМИН за 2018.

Дискусиите ќе се фокусираат на темите поврзани со складирање и продажба на одземените и конфискувани средства, како и управување со средства на компании. Учесниците ќе имаат прилика да ги проследат излагањата на ЕУ експерти од Белгија, Бугарија, Ирска, Италија и Холандија во однос на можностите и оперативните предизвици при воспоставувањето на ефективна Канцеларија за управување со одземен имот, од перспектива на јурисдикциите во земјите членки на ЕУ кои неодамна го заокружиле процесот или се во фаза на воспоставување на вакво тело.

БАМИН мрежата е составена од релевантните владини агенции од земјите од Западен Балкан одговорни за управување и понатамошно процесирање на средства и имот одземени со кривични постапки при борбата со различни видови на криминал. Оваа година со БАМИН претседава Агенцијата за управување со одземен и конфискуван имот на Република Македонија.

Воведни обраќања на конференцијата, како што најавуваат организторите, ќе имаат Оливер Ристовски, заменик-министер за правда, Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, и Џил Томас, претставник на Секретаријатот на БАМИН.

– Значењето на оваа средба за борбата против организираниот криминал и корупцијата во регионот е дополнително нагласено со присуството на Фредерик Пиерсон, шеф на Бирото за управување со криминално стекнат имот во ЕУРОПОЛ, кој ќе им се обрати на регионалните претставници за време на затворена сесија, велат организаторите на конференцијата.

БАМИН е мрежа составена од државни агенции за управување со одземен имот од регионот на Западен Балкан, основана во 2014 година за време на тематска конференција во Приштина.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on