А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Регионален ресурсен центар за слепи и слабовидни лица во Битола

by А1он09/07/2018 - 11:09535
Share0

Здружението на слепи лица-Битола со поддршка на локалната самоуправа ќе отвори Регионален ресурсен центар за слепи и слабовидни лица.

Добивај вести на вибер

Според проектот, регионалниот ресурсен центар сместен во урбаната заедница „Коле Лачето“ во Битола, ќе биде во функција на сите слепи и слабовидни лица со целосно или делумно оштетен вид од регионот, но и за членови на други здруженија за лица со инвалидност.

– Реализацијата на идејата се одвива фазно, формирана е посебна меѓуопштинска комисија во која се застапени претставници од здружението на слепи лица и претставници на општините Битола, Демир Хисар, Ресен, Могила и Новаци. За непречена работа на ресурсниот центар обезбедена е поддршка од УНДП, Министерството за труд и социјална политика, а општините ќе издвојуваат средства од буџетот планиран за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, истакна Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи лица-Битола.

Од здружението на слепи лица-Битола информираат дека Регионалниот ресурсен центар ќе располага со аудио книги, компјутерска опрема, специјално возило за превоз на слепи и слабовидни лица, но и на лица со телесен инвалидитет бидејќи ќе биде отворено за сите членови на здруженијата со што ќе се обезбеди поголема инклузивност во заедницата.

bitolaslepi lica

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Протест на слепите лица, лица со попреченост и нивните лични асистенти, си ги бараат заостанатите плати

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:50

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен