Регионален курс за спасители на вода

Од:

Општинската организација на Црвениот крст за Гевгелија во соработка со општините Дојран, Гевгелија и Валандово подготвува седмодневна организација на регионален курс за спасители за потребите на објектите што нудат престој на вода.

Посетителите на курсот на крајот од обуката добиваат меѓународна лиценца за спасители на вода во траење од пет години.

spasiteli-voda-dojran (2)

„Општинскиот Црвен крст и во минатите години подготвуваше вакви обуки од кои со меѓународни лиценци се стекнаа 20 лица. Речиси сите од нив, поради неконтинуираниот работен статус, практикуван само во летната сезона, со годините заминаа на работа во странство, каде што оваа обука им овозможува траен ангажман до важноста на лиценцата. Поради недостигот на кадри од ваков вид, ОО на Црвениот крст од Гевгелија и од Валандово, во соработка со републичкиот Црвен крст решија и годинава да се погрижат за обучување на нови кадри“, изјави  секретарот на ОО на ЦК од Гевгелија, Младен Бундов.

spasiteli-voda-dojran (3)

Според законските прописи,дојранските плажи, валандовскиот отворен базен, гевгелиските базени во хотелските комплекси треба да поседуваат и обучени спасители на вода поради безбедност на посетителите.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се 30 минути

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски