Споделување на добрите пракси и искуства на надлежните институции и тела од земјите во регионот е целта на дводневниот Регионален форум за прекугранична соработка, што со поддршка на Европската Унија ќе започне денеска во Струга.
Форумот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, а на отворањето ќе се обрати и шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар.
На регионалниот форум за прекугранична соработка ќе учествуваат претставници од Европската комисија и од земјите од регионот кои што учествуваат во имплементацијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка.