Во организација на мисијата на Швајцарија во Европската Унија и на УНДП во Брисел, заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, ќе учествува во панел-дискусијата „Локалната демократија и одржливиот локален развој во Западен Балкан“.
Учесници се и Анкица Тодорович, раководител на секторот за економски развој и европска интеграција во општина Бјелина, Босна и Херцеговина, Јулијана Хоџа, директор на организацијата „Партнери Албанија за промени и развој“, како и директорите на секторите на Европската комисија за граѓанско општество и социјална инклузија и за регионална соработка.
Настанот ќе се одржи во просториите на мисијата на Швајцарија во Брисел, со почеток во 17 часот.Претпладне во 10 часот заменик-министерот Павлески ќе има останок со Лена Андерсон Пенч, директор за европска територијална соработка, макро-региони, ИНТЕРЕГ и спроведување на програмата.