Реформи во МВР: Зголемување на внатрешната и надворешната контола во работата на полицајците

Од:

Реформите во Министерството за внатрешни работи се спроведуваат согласно препораките на експертската група на Рајнхард Прибе. Владата вчера го усвои полицискиот пакет закони што се однесуваат на измените и дополнувањата во Законот за внатрешни работи, како и на Законот за полиција, информираат од МВР.

Надзорот врз работата на полициските службеници е една од основите во овие измени и како, што велат од МВР, станува збор за проект, на кој се работеше заедно со Советот на Европа и Народниот правобранител.

За реформи на работата на полицијата предвидени се и измени на законите за јавно обвинителство, за народен правобранител.

Покрај внатрешната контрола, која ќе се зајакнува во однос на нивото на професионално и законско работење, предвидена е и надворешна контрола на МВР.

Ќе се формира полициски омбудсман, кој ќе има посебна канцеларија кај Народниот правобранител. Предвидено е и формирање на Совет, составен од невладини организации, кои ќе ротираат и исто така ќе бидат вклучени во надзорот на работењето на полицијата.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби