ВИДЕО: Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ промовираа конкретни измени на Статутот на партијата

Од:

Реформите во ВМРО-ДПМНЕ се неминовни. Суштински статутарни реформи се неопходни. Во таа насока промовираме конкретни измени во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Илија Илијоски, член на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој објасни дека статутарните измени водат кон демократизација и деизолација на партијата и најпрво мора во целост да ги редефинираат надлежностите и начинот на избор на постоечките органи во партијата.

– Статутарните измени треба да воспостават нови органи во партијата на општинско ниво, преку кои партијата ќе се децентрализира и ќе се зајакне учеството на поширокот членство во одлучувањето, особено при кадровската политика. Измените на Статутот треба да ја вратат вистинската улога на Центарлниот комитет на партијата. Тој орган е гласот на членството, рече Илијоски.

Тој побара конституирање на нов орган, Собрание на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Овој орган би бил составен од непосредно избрани претседатели на месни комитети од страна на членови на партијата како претставници на стручните комисии на општинските комитети.

– Централниот комитет на партијата мора да биде движечка сила и партиски мотор на целата организација. Форум на кој слободно ќе се разминуваат мислења и ставови на непосредно избрани претставници од општинските комитети од целата држава и ќе се дефинираат политиките на партијата, рече Илијоски.

Тој рече дека ова се само дел од предлозите за кои реформаторите веруваат дека ќе ја зајакнат внатрепартиската демократија и ќе ја вратат моќта на партијата во рацете на членовите.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито