Реисот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, им се закани на вицепремиерот Бујар Османи и на Владата дека ако не ѝ помогнат на ИВЗ, таа ќе ја повлече забраната за собири и тогаш нема да има сила што ќе може да се бори против епидемијата со коронавирусот, па вели, ќе станеме Бангладеш.
EMISIONI SHKËNDIJAT E UDHËZIMIT
EMISIONI FETAR "SHKËNDIJAT E UDHËZIMIT"I FTUAR: KREU I BASHKËSISË FETARE ISLAME, SULEJMAN REXHEPITEMA: PËRBALLJA ME COVID 19, BFI E RMV – SË PËRFORCON RREGULLAT PËR PARANDALIMIN E PËRHAPJES SË INFEKSIONITMODERATOR: SUHEJB ALILI, FESAL FETAI
Posted by TV GLOBI on Понеделник, 06 април 2020
„Јас го побарав нашиот дел, Владата да биде внимателна што прави, имаме повратен одговор во кој се вели дека барањето е прифатено и дека е испратено на разгледување во секторот за финансии на Министерство за економија. Денеска побарав од генералниот секретарот Мирсад Јакупи да контактира со Бујар Османи, кој е член на кризниот штаб и вицепремиер, дали има нешто? Тој вели дека досега нема ништо. Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш“, вели Реџепи во верска емисија на ТВ Глоби, која се пренесуваше и на Фејсбук.