Речиси половина од направените тестови се позитивни, Прилеп и Тетово надминаа 1000 активни случаи

Од:

Речиси половина од направените тестови за Ковид-19 во последното деноноќие се позитивни. Направени се 2553 теста, со позитивен резултат се 1112 или 44 проценти.

Најголема бројка на новозаразени на дневно ниво и натаму има Скопје кој денеска има 321 нови и има 9883 активни случаи.Трицифрена бројка на активни случаи од денеска достигнаа и Прилеп и Тетово. Во Прилеп денеска има 77 нови случаи и во градот во моментов има 1010 активни заболени. Во Тетово денеска бројката е зголемена за 79 новозаболени и градот под Шара сега бори 1004 активни случаи.

И пет скопски општини се со над 1 000 заразени. Водат Гази Баба со 1 472 и Аеродром со 1 424, а по нив се Кисела Вода со 1 204, Карпош со 1 192 и Центар со 1 188 активни случаи во моментов.

Битола која ја достигна бројката од 849 случаи денеска брои најмногу починати, петмина. Четири лица од Скопје во текот на последните 24 часа ја загубија битката со Ковид-19, три лица починаа во Прилеп. Најмладото починато лице е 40-годишник од Македонски Брод, а највозраниот починат е на охриѓанец на 89 години. Шестмина од починатите се на возраст од 40 до 50 години.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски