Речиси 300 македонски здравствени работници позитивни на коронавирус, десетмина само на Инфективна

Од:

Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов 10 се позитивни, двајца се во изолација, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката, како што посочуваат, работат вкупно 40 медицински сестри, а 11 се на испомош. Во Модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на испомош.

Заклучно со вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во моментов има 297 активни случаи меѓу здравствени работници. Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале, потенцираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од западно нилска треска во Македонија

А1он

На Инфективната клиника почина пациентка со западно-нилска треска, уште една е во тешка состојба

Горан Наумовски

На Инфективната клиника почина пациент со западно нилска треска

А1он

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на Западнонилска треска