Заклучно со вчера, во Скопје од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 3.006 случаи на лица заразени со коронавирус, од кои активни се 1.986, соопшти Министерството за здравство.
Чаир е и натаму скопската општина во која има најмногу активни случаи – 417, пред Гази Баба и Аеродром со 158, односно 148 случаи.
Во Сарај има 142 активни случаи на заболени од Ковид-19, во Бутел 134, во Карпош 135, а во Центар – 131 случај.
Еве ја епидемиолошката состојба и во другите општини во Скопје и околината, а од Министерството напоменуваат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по скопските општини:
• Кисела Вода – 106
• Ѓорче Петров – 101
• Студеничани – 91
• Шуто Оризари – 75
• Арачиново – 53
• Илинден – 32
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 15
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 2
• Нераспределен-157