Реализирана акција за подобрување на јавната чистота на Беровско Езеро

Од:

Вработените во беровската подружница на АД Водостопанство на РСМ – во редовна акција извршија чистење на пределот околу Беровско Езеро.
Како што информираше раководителот на подружницата Зоран Аговски, извршено е косење на обрасната трева на повеќе локации.

-Во рамки на подобрувањето на јавната хигиена околу Беровско Езеро собрана е голема количина комунален отпад од пешачката патека околу Беровското Езеро и се окастрени оштетените изданки и гранки. Ова е позитивен пример за тоа како самоиницијативно и институционално треба да делуваме во сферата на општественото живеење, а со цел да си ја заштитиме животната средина и да ја збогатиме туристичката понуда на градот, истакна Аговски.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, поздравувајќи ја оваа позитивна иницијатива, во пресрет на Етно плоштад – фестивалот, кој што за една недела започнува во Берово, најави уште неколку вакви акции за одржување на јавната чистота.

-Ја користам приликата да упатам голема благодарност до сите вработени во АД „Водостопанство на РСМ- подружница Берово“, кои беа вклучени во акцијата. Само со ваквото системско делување кое во пракса треба да го применат сите, ќе си ја зачуваме и негуваме животната средина, рече Пекевски, кој исто така учествуваше во акцијата.

Акции за чистење во наредниот период ќе се спроведат во централното градско подрачје и ќе бдиат опфатени сите места во близина на градскиот плоштад каде од 23 до 27 август, ќе се одржи манифестацијата Етно Плоштад фестивал.

Би можело да ве интересира

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он

Пекевски: Месното население и компаниите да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9