Реализирана акција за почисто Кочани

Од:

Општина Кочани и Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани почнаа заедничка акција за почист град и почиста околина за живеење.

За таа цел денеска од раните утрински часови се реализираше собирна акција на кабаст одпад, бела техника, стар мебел и одпад со поголема зафатнина, со единствена цел истиот да се отстрани од домавите и депонира на одредено место во градот Кочани.

– Одѕивот на граѓаните за учество во акцијата е задоволителен. Собирните пунктови на кои граѓаните го одложуваа одпадот беа лоцирани кај Спомен домот АСНОМ, на улицата „Скопска“ кај градскиот панаѓур и кај Железничката станица, ни изјави Дивна Цековска, раководител на Одделнието за комунални дејности во општина Кочани.

Во акцијата се вклучија и граѓани кои имаат одпад со поголема зафатнина. Ним по предходна најава во Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани навреме им беше преземен отпадот и депониран на соодветно место.

Поради зголемениот интерес на граѓаните, истакнува Цековска, акцијата ќе се реализира и наредниот ден.

Со оваа акција Општина Кочани настојува градот Кочани и понатаму да остане чиста средина за живеење и посакувана дестинација за голем број жители од соседните градови на земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот