Реализација на проектите за канализација и водоснабдување кон село Лавци и БЛР 4

Од:

Дваесет милиони денари е вкупната инвестиција со која се решаваат децениските проблеми на жителите од селото Лавци и Брусничко – лавчанскиот реон 4.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денеска изврши увид на текот и динамиката со која се изведуваат градежните активности за изградба на водоводна и канализациона мрежа во БЛР 4 и кон селото Лавци. Со проектите кои се во полн ек на реализација, ќе се обезбеди квалитетно водоснабдување и поврзување на градската канализациона мрежа.

Проектите ги реализира Општина Битола, а работите ги изведуваат ЈП „Водовод“ и КЈП „Нискоградба“, како и фирмите „БВ Инжинеринг“ и „Жикол“ – Струмица.

Должината на канализационата мрежа која ја гради КЈП „Нискоградба“ е 1200 метри, а го поврзува делот од Брусничко – лавчанскиот реон (БЛР 4), до центарот на селото Лавци. Овој проект, кој ќе овозможи поврзување на овој дел на Општина Битола со градската канализациона мрежа, е во вредност од 11.000.000 денари.

Изградбата на нов водовод ја реализира ЈП „Водовод“ во должина од 390 метри со вкупна инвестиција од 1.520.000 денари. Со овој проект, на жителите во БЛР 4, ќе им се обезбеди приклучување на градскиот водовод и квалитетно водоснабдување.

За комплетна реализација на проектот и решавање на сите инфраструктурни проблеми на жителите во село Лавци, вклучени се и градежни фирми со други инфраструктурни зафати. „Жикол“ Струмица работи на изградба на разводната мрежа низ селото, во вкупна вредност од 2.826.296 денари, додека „БВ Инжинеринг“ со инвестиција од 4.500.000 милиони денари го гради резервоарот за с.Лавци и ќе изврши реконструкција на коловозот од БЛР 4 до с.Лавци.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките