Реакција: Спасете го Водно, тргнете ја политиката на страна!

Од:

Здружението за спас на Водно реагира и бара советниците на општина Центар да не гласаат за ДУП-от со кој ќе се овозможи на Водно да никне грдосија од 10 ката и ќе се уништи зеленилото.

Еве што стои во соопштението:

Природата и зеленилото се нешто што сме го наследиле од нашите генерации, и она што треба да им го оставиме на нашите поколенија. Затоа никој не ни дава прав, од било какви интереси да го уништуваме. Водно се белите дробови на Скопје. Затоа најостро се спротивставуваме и апелираме, избраните советници од општина Центар да донесат одлука со која се разнебитува Водно, одлука која ќе дозволи изградба на десет катница и уништување на зеленилото.

Почитувани советници, зарем не беше доволна опомена онаа страшна слика од урнатиот потпорен ѕид во градинката на Водно. Кога в петок ќе треба да гласате, помислете дека таму можеа да настрадаат нечие дете.Кревајќи два прста за измена на Деталниот урбанистички план, давате зелено светло интересите на урбаната мафија да бидат пред интересите на Вашите деца и внуци.

Политиката Ви ја оставаме Вам, но Вие оставете ни го Водно. Кренете глас, гласајте против уништувањето на Водно.

 

Би можело да ве интересира

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски

На Водно се изгуби полски државјанин, започната е голема потрага по него

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно