Група вработени во Македонска опера и балет се изненадени од написот во „Утрински весник“, во кој пишува дека нивниот колега Зоран Костовски, за проектот „Македонија“ добил хонорар од 100.000 евра.
– Проектот е урнат, а беше монтиран во близината на Археолошкиот музеј. Сега неговите остатоци стојат собрани на куп во нашиот двор. Хонорарот кој го добил Костовски е еднаков на сума пари кој тој би ја заработил за цел негов работен век. – реагираат од Опера и балет.
На вработените не им е јасно како може 100 илјади евра да се фрлат во буниште, а некој незаконски да се збогати за проект што не постои. Тие обвинуваат дека во моментите кога Костовски го добил тендерот за споменикот, претседател на Комисијата за доделување тендери при Министерството за култура бил неговиот син, Бранко Костовски.
– Бранко Костовски беше прв сомнителен за аферата „Метла“ во која исчезна и се уништи тендерска документација за проекти, кои се дел од „Скопје 2014“. Тоа е класичен непотизам со криминални дејанија, за кое никој до ден – денес не одговарал – коментираат вработените.
Тие повикуваат надлежните служби детално да го испитаа случајот, бидејќи има елементи за кривично гонење.
Петар Клинчарски