Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ

Од:

Анкетната Комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа, веќе подолго време не е формирана, не по вина на ВМРО-ДПМНЕ, туку поради очигледната намера на СДСМ да го закочи и бојкотира нејзиното формирање.

Ова се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, се подвлекува, на очиглед на целокупната јавност во повеќе наврати конструктивно предлагаше решенија за претседател на експертската комисија, начинот на нејзината работа и донесувањето на реален извештај за настаните од 24 декември.

– Предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ги даваше беа компромисни, но за жал СДСМ од тесно партиски интереси ги одбиваше и на тој начин свесно го пролонгираше формирањето на Комисијата. ВМРО-ДПМНЕ и во идниов период ќе остане посветена во изнаоѓање начини оваа Комисија да се формира и да профункционира. Ако СДСМ го користи одолговлекувањето на формирањето на Комисијата за да продолжи да бара изговори за нивните блокади на политичките процеси, мора да бидат свесни дека со тоа и нанесуваат на Македонија несогледлива политичка штета, особено на угледот на државата во меѓународната политика, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Според ВМРО – ДПМНЕ, Црвенковски продолжува со својата деструктивна политика базирана на блокади, бојкоти и конфликти.

– Јасно е дека во СДСМ не се менува политичката матрица за креирање проблеми, иако на последните локални избори граѓаните на Република Македонија јасно ја поразија ваквата нивна политика која предизвикува несогледливи штетни последици за Македонија, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела