Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги оквалификува како лаги, контрукции и елементарни непознавања тврдењата што ги изнесе денеска претседателката на комисијата за труд и социјална политика во СДСМ Мила Царовска за примената на законските решенија за хонорарите.

Според ВМРО-ДПМНЕ, сите институции целосно се подготвени и посветени на ефикасно имплементирање на законските решенија и ќе ги стават на располагање сите потребни ресурси за нивно успешно стартување.

Во реакција на тврдењата на Царовска ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Фондот на ПИОМ е подготвен целосно да го реализира процесот на регистрација на обврзниците што е и негова основна законска обврска. Управата за јавни приходи, пак, воспоставила процес за размена на податоци за регистрацијата на обврзниците од Фондот на ПИОМ и овозможила техничко решение за нивен прием и обработка.
– Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, УЈП, Фондот на ПИОМ континуирано спроведуваат обуки за имплементација на законските одредби, а истовремено се даваат насоки и одговори на прашања за имплементација на законските решенија. Исто така, на веб страната на Фондот на ПИОМ е објавен документ „Збирка на најчесто поставувани прашања“ од кои може да се добијат одговори за постапување на заинтересираните правни и физички лица, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, „манипулативната изјава на Царовска дека лицата кои оствариле надомест од авторски договор и/или договор за дело за јануари не може да си ги добијат средствата“ не е точна. Имено, укажуваме дека исплатата на хонорарите на сметка на хонорарците треба да се врши согласно роковите кои ги договориле договорните страни, а како и досегашната пракса и обврска, исплатувачот во моментот на исплатата на хонорарот истовремено треба да го пресмета и уплати персоналниот данок.

– Што се однесува пак до пресметката на придонесите за договорите за дело и авторските договори, истите потребно е да се подготват и достават до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно од тоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен. Лагата дека од плаќање на социјалните придонеси се ослободени лицата кои остваруваат приходи повисок од 185.000 денари, е целосно спротивна на законското решение и автентичното толкување на член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување ( „Сл. весник на РМ“ бр.8/2015). Оваа манипулација ја искривува реалната слика во однос на обврската на плаќање на социјалните придонеси на повисоки износи на надоместоци, со што се создава заблуда во јавноста, наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166