Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на Шилегов од СДСМ

Од:

Со денешната изјава Петре Шилегов свесно се подреди во редот на лица кои свесно нанесуваат штета на безбедносниот систем на Македонија и на нејзиниот углед, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ, се подвлекува во реакцијата, свесно оддадоа државни тајни кои се однесуваат на спремноста и капацитетот на специјалните единици на МВР и кои се однесуваат на безбедносната соработка со пријателски држави.

– Ниту една празна прес-конференција и ниту една празна пријава нема да може да го покрие срамот кој на себе си го ставија Зоран Заев, Петре Шилегов и СДСМ. Тие покажаа дека се спремни да одат против сопствената држава, против нејзината безбедност, да предизвикуваат дестабилизации, а сето тоа само да се доберат до власт без поддршка од граѓаните, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

И оваа пријава која ја поднесува СДСМ, како и претходните, сметаат од ВМРО – ДПМНЕ, е правно неоснована и нема никаква правна аргументација зад себе. Нивната цел, се посочува во реакцијата, е да се правдаат себе си низ пријави кои ги поднесуваат мислејќи дека бројката на пријави кои ги поднеле е поважна од правната аргументација и доказите во пријавите против нив.

Од ВМРО – ДПМНЕ им порачуваат на СДСМ да не се надеваат дека со вакви тужби, кои ни студент од прва година не би ги напишал, ќе може да се пазарат и манипулираат со јавноста.

– ВМРО-ДПМНЕ нема намера да дозволи СДСМ со себе во калта да ги повлече и стабилноста на државата, државните институции и целиот правен систем. Ако СДСМ за себе донела одлука да биде во калта, тоа е нивно право, но немаат право целата држава и сите граѓани да ги носат со себе, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик