Реакција од ССНМ за повредените медиумски работници во синоќешниот протест

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) е згрозен од однесувањето на полицијата за време на синоќешните протести во Скопје во кои новинар и фоторепортер се повредени, а колегите биле влечени, бутани и кон нив се постапувало со непримерна сила и ароганција.

Во ситуација кога десетици напади врз новинарски екипи не се расветлени, а сторителите не се пронајдени, синоќешните настани уште еднаш потврдија дека новинарството во оваа земја има третман на непријателска дејност и дека новинарите, снимателите и фоторепортерите се лесна мета на насилници независно дали се тие во униформа или не.

ССНМ овој пат нема да праќа празни апели туку информира дека за случувањата ќе ги испита сите правни можности за покренување кривична пријава до ЕБРД за непознат сторител и пријава до внатрешна контрола на МВР. ССНМ ќе достави и извештај до сите релевантни новинарски организации кои ја бележат и рангираат состојбата и третманот на новинарството во светот.

Со синоќешните напади врз новинарите Македонија се лизна уште подолу на скалата на слободата на медиумите.

ССНМ воедно порачува: Колеги БРАНЕТЕ СЕ! Покажете солидарност на теренот, не дозволувајте врз никој од вас да биде применете сила, бидете заедно и чувајте се затоа што за жал полицијата иако и е тоа работа, очигледно тоа нема да го стори.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници