Реакција од Основен суд Скопје 1 на соопштението на СДСМ за пресудата за „Ровер“

Од:

Зачудувачки, нејасен, неразбирлив и неаргументиран е односот на политичката партија СДСМ која претендира константни напади кон судството, при што во свои соопштенија неповикано се инволвира сакајќи да презентира општа негативна слика за судството и судската власт, тврдејќи дека судот постапува по политички монтирани процеси, наведува Основниот суд Скопје 1 во реакција на соопштението на СДСМ за случајот „Ровер“.

-Напротив, наведуваат од Судот, судската постапка во јавноста позната како предмет „Ровер“,беше јавна и транспарентна, а на сите закажани рочишта постојано беа присутни претставници на медиумите, набљудувачи на ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет итн..Од тука не е јасно од каде се тврдењата дека станува збор за судски процес во кој наводно постоеле сериозни сомнежи околу текот на постапката. Од сето наведено, според основниот суд Скопје 1, точно е само дека Апелацискиот суд во Скопје го врати предметот на повторно одлучувања. – Околу придавката „драконски“ казни, овој Суд не прифаќа коментирање на непристрасна судска одлука донесена врз основа на закон и слободно судиско убедување, а поради утврдени казни за сторени кривични дела, при што за нив таканаречените драконски казни се казни предвидени во Кривичниот законик на РМ. Особено зачудува фактот што во конкретниот случај политичка партија се става во заштита на осудените лица, наведува во соопштенуето Основниот суд Скопје 1.

Судот, додава, постапи целосно по напаствијата добиени од Апелацискиот суд Скопје и истото на денешната објава го образложи на обвинетите и на јавноста, по што претстои рок за преипитување на одлуката по жалба.

– Овој суд постапува подеднакво за сите граѓани без разлика на нивната верска, етничка и политичка припадност. Исто така, ниту еден закон, не може да заобиколи ниту едно лице без разлика на неговата поранешна или сегашна функција. Судот согласно законските овластувања постапува само според закон и Устав и сите граѓани на РМ се еднакви пред Судот на правдата, с евели во реакцијата од Основниот суд Скопје 1.

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува