Реакција од Општина Кисела Вода

Од:

„Почитувани, во врска со вашиот текст под наслов “Мирен протест на жителите од „11 Октомври“ на булеварот „Борис Трајковски“, во насока на целосното, точно и објективно информирање на јавноста, сакаме да ве известиме во врска со фактичката состојба.

Општина Кисела Вода е добро запознаена со проблемот со кој се соочуваат жителите на овој дел од општината и сакаме да ве информираме дека од наша страна се превземени повеќе мерки за надминување на истиот. Имено, од страна на нашите инспекциски служби се вршат засилени контроли, повеќе пати е побарана помош од полицијата, неколку пати е испраќан допис до Министерството за труд и социјална политика, а во неколку наврати е разговарано и со стечајните управници на објектот во кој се собираат овие лица. Со жителите од 11 Октомври бараки и претходно се остварени повеќе средби, а ваква средба се одвиваше и во текот на вчерашниот ден.

Имено, раководителот на Секторот за месни заедници, референтот на урбаната заедница, претставници на инспекторатот од локалната самоуправа и полициската станица од општина Кисела Вода одржаа состанок со засегнатите граѓани каде ги информираа за сите досега превземени чекори на Општина Кисела Вода во рамки на нејзините законски можности, во насока на надминување на проблемот со имотно правните односи на објектот во кој лицата диво се вселуваат. Граѓаните беа информирани и за сето она што ќе се случува за надминување на проблемот кој очекуваме да се реши во наредните 15 дена“, се вели во реакцијата на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода